петок, април 22, 2011

Бекам: Уживав во победата на Реал



"Беше убаво да се види подебата на Реал над Барселона, и да го гледам финалето како навивач на Реал" - изјави поранешниот играч на Реал

Бекам беше член на Реал Мадрид, од 2003 до 2007 година, што оставило трага во него да се чувсврува како "мадридист"

"Тоа беше важна победа. Купот во Шпанија е многу важно натпреварување. Да се избори наслов, и тоа против Барселона, претставува посебно задоволство."

"Како е да се игра ел класико? Кога знаете дека играте против Барселона, треба многу самодоберва. Тогаш вие играте најдобро, и го давате својот максимум. Барселона игра одлично, така што и во следните 2 натпревари ќе биде тесно." - Изјави Бекам

петок, април 15, 2011

Роналдо: Неможам да замислам уште една сезона без трофеј



Роналдо на итервјуто за Il Corriere dello Sport изјави дека неможе да замисли уште една сезона без освоен трофеј, а Реал Мадрид е еден од најдобрите клубови во светот.

"Ние сме една од најдобрите екипи во светот, и неможам да го замислам Реал со 2 или 3 сезони без освоен трофеј."

'Ги чекам дуелите со Барселона. Не сум загрижен. Пред нас е период кога можеме да освоиме се, или да останеме без ништо."

"Секогаш настојувам да играм што подобро, да давам голови, и да помогнам на екипата."

четврток, април 14, 2011

Роналдо: Барселона не е од друга планета



Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, се насочи кон престојните дуели против најголемиот ривал на Реал, Барселона.

"Ќе биде фантастично. Не сакам да говорам за одмазда, но ќе биде интересно, не само за нас играчите туку и за навивачите и љубителите на фудбалот. Се работи за двете моментално најсилни екипи во светот."

"Ќе биде многу, многу тешко, но Барселона не е од друга планета. Моментално играат речиси најдобар фудбал, но и ние сме јаки."

недела, април 10, 2011

Врз Ди Мариа , 6 пенали сезонава



Анхел Ди Мариа е играчот над кој се направени најмногу пенали во Примера.Откао вчера против Атлетик Билбао изнуди два казнени удари од белата точка , сега има вкупно 6 изнудени пенало во Примера како и еден во Купот на Кралот.Аргентинецот на секои 362 минути изнудува по еден пенал.Зад Ди Мариа се наоѓаат Вебо(Мајорка),Елисеу(Малага),Рејес(Атлетико) и Љоренте(Атлетик) со по три изнудени пенали.

сабота, април 09, 2011

Марсело :"Без блиску до премин во Севиља"



Левиот бек на Реал Мадрид во интервју за РеалМадридТВ меѓу останатото говореше за шансите на Реал во ЛШ.Лос Бланкос веке по првиот натпревар има безбедна предност против Тотенхем во пресрет на реваншот.Бразилецот исто говореше дека и бил блиску до премин во Севиља.

Марсело:"Пред да дојдам во Реал Мадрид имав неколку понуди.Играв за репрезентацијата на Бразил , постигнав погодок и веднаш почнаа да доаѓаат понудите.Сега можам слободно да речам дека понудите беа од Севиља,Јувентус и ЦСКА Москва.Разговарав со својот аген и тој ме праша за кој клуб сакам да играм.Секако , реков дека тоа е Реал Мадрид.Но мојот тогашен клуб Флумиенсе преговараше и се договори со Севиља и малку требаше да завршам таму.Не сакав да се реализира тој трансфер и на крајот се добро се заврши бидејки со само 18 години потпишав за Реал Мадрид.Не можев да верува , бев воодушевен.За натпреварот од ЛШ , треба да се оди натпревар по натпревар.Во ЛШ оваа сезона играме сјајно за разлика од претходните години кога испаѓавме уште во осминафиналето.Сега сме на добар пат и добро сме подготвени.До крај мора да се држеме заедно и да бидеме уверени дека можеме да стигнеме до крајот.Ке биде тешно но мислам дека можеме да ја освоиме ЛШ оваа сезона.

Јувентус заинтересиран за Адебајор



Управата на Јувентус ги означи Адебајор, и бразилскиот талент Неимар како први на листата на засилувања за летниот преоден рок.

Парите потребни за Неимар (околу 30 милиони евра) Јувентус планира да ги добие со продажба на Амаури, Иакинта и Сисоко. Меѓутоа според медиумите, за услугите на Неимар во прв план се Барселона и Реал, така што Јувентус ќе треба да се потруди повеќе ако сака да го доведе во своите редови.

Доколку имаат финансиска можност, ќе се обидат да го купат и Емануел Адебајор, кој, како што стојат работите, не е веќе на листата на оние играчи на Манчестер Сити кои ќе бидат дел од клубот и наредната сезона. Но, според информациите од Шпанија, и Реал е заинтересиран да го откупи овој играч.

петок, април 08, 2011

Реал Мадрид најефикасна екипа во Лигата на Шампионите
























Со победата против Тотенхем од 4:0 , Реал Мадрид го продолжи фантастичниот биланс во Лигата на Шампионите , а покрај тоа се и најефикасна екипа во досегашниот дел од натпреварувањето.Реал постигнал вкупно 23 погодоци сезонава во ЛШ.

15-09-2010 : Реал Мадрид - Ајакс 2-0
28-09-2010 : Оксер - Реал Мадрид 0-1
19-10-2010 : Реал Мадрид - Милан 2-0
03-11-2010 : Милан - Реал Мадрид 2-2
23-11-2010 : Ајакс - Реал Мадрид 0-4
08-12-2010 : Реал Мадрид - Оксер 4-0
22-02-2011 : Лион - Реал Мадрид 1-1
16-03-2011 : Реал Мадрид - Лион 3-0
05-04-2011 : Реал Мадрид - Тотенхем 4-0

Мурињо:Задоволен сум од напаѓачите



Играњето во Реал како позајмен играч му се исплати на Адебајор кој пројави желба и перманентно да се пресели во Мадрид.Жозе Мурињо нема ништо против.Откако се повреди Игуаин , Реал мораше да доведе уште еден напаѓач кој ке ја пополни празнината.Емануел Адебајор не уживаше добри денови под водство на Манчини во Сити но под водство на Мурињо тоа се промени.

Мурињо:Најважно е што имаме три напаѓачи.Засега не можам да кажам повеке на таа тема.Докажавме дека е многу тешко да се игра цела сезона со само два напаѓача а со три сме добро покриени.


Откако Игуаин се опорави а и Бензема се враќа во тимот по ситната повреда Мурињо со овие три напаѓачи плус Роналдо до крајот на сезоната ке има убиствен покер асови.

Гвардиола:"Реал е сјајен , можат да не победат"



Тренерот на Барселона ,Пеп Гвардиола смета дека предноста на неговата екипа над Реал Мадрид не е недостижна.Гвардиола смета дека неговата екипа смее да киксира на Бернабеу против Реал,но никако и наредното коло против Алмерија.

Гвардиола:
"Смееме да изгубиме на Бернабеу во ЛаЛига,смееме да изгубиме од Еспањол на свој терен но постои еден натпревар кој не смееме , а тоа е против Алмерија.Мораме да одиме на Бернабеу со осум бода предност , не со шест или пет.Реал е сјајен тим.Нормално е дека би не победиле и во Ла Лига и во другите натпреварувања , се е можно.

среда, април 06, 2011

Мурињо: "Барселона?Не очекува натпревар со десет играчи"



Со сигурност може да се каже дека Реал е веке во 1/2 финалето од ЛШ , каде ке го чека подобриот од дуелот Барселона и Шахтјор.Можноста за ново вкрстување со Барселона , Мурињо во свој стил го прокоментираше.

Мурињо:Пред се , мораме да се пласираме а потоа ке видиме дали тоа ке биде Барселона или Шахтјор.Мораме да почекаме уште седум дека а доколку играме против Барселона , она што треба да го направиме е да добро се истренираме како да играме против нив со десет играчи , бидејки кога и да одам против Барселона ,иста е приказната.

Адебајор:Сакам да постигна погодок и во Лондон



Стрелецот на два погодока на синоќешната утакмица против Тотенхем , Емануел Адебајор се надева дека и на реваншот на Варт Харт Лејн ке постигне барем еден погодок.

Адебајор:Клучна беше нашата мотивација.Не смеевме да изгледаме како во саботата против Спортинг.Покажавме карактер, борбен дух и глад за победа и поради тоа сме наградени.Откога пристигнав во овој клуб играв во три натпреварувања и во секој постигнав погодок.Се надевав на првиот погодок во Лигата на Шампионите уште против Лион,но не успеав да постигнам.Сепак самодовербата ми остана на високо ниво , тренирав многу и на крајот се исплати.Најважно сега е вака да продолжам.Во реваншот треба да заборавиме на овој натпревар бидејки сме свесни дека во фудбалот се е можно.Во Лондон одиме на победа , не сакаме реми или пораз.Се надевам дека и таму ке постигнам барем еден погодок.

Роналдо:Имаме причина да славиме



Ѕвездата на Реал , Кристиано Роналдо е воодушевен од убедливата победа , но исто како и Мурињо , и тој смета дека сеуште ништо не е готово.

Роналдо:Многу сум среќен,исто како и целата екипа.Сјајно е да победиш екипа како што е Тотенхем ,посебно што резултатот гласи 4:0 и тоа во 1/4 финале од ЛШ.Имаме причина да славиме но сепак мора да останеме фокусирани бидејки имаме уште 90 минути и тоа во Лондон.Ја игравме нашата игра,а исклучувањето на Крауч само ни ја олесни работата.Добро ја контролиравме топката,имавме посед,правевме притисок и сето тоа резултираше со висока победа.Играв во Англија и знам дека тие никогаш не се предаваат.Бидете сигурни дека нема да ги потцениме.

Валдано : Доминиравме во сите 90 минути



Генералниот директор на Реал , Хорхе Валдано е воодушевен со убедливата победа на Реал над Тотенхем и вели дека уште сега патуваме во 1/2 финалето.

Валдано:Фантастична екипа,фантастични навивачи и фантастичен натпревар.Ова беше сјајна победа која ја заслуживме.Сепак мораме да бидеме озбилни и во реваншот.Доминиравме сите 90 минути.Тотенхем немаше ниту една сериозна шанса,што е причина повеке што ја заслуживме оваа победа.Во реваншот мораме да влеземе смирено бидејки остваривме одличен резултат.Тоа е добро бидејки овој месец ке биде тежок.

Реал Мадрид - Тотенхем 4:0



Во првиот натпревар од 1/4 финалето на ЛШ , Реал Мадрид на Сантиаго Бернабеу го демолира Тотенхем со 4:0.Двоен Стрелец е Адебајор а по еден погодок постигнаа Ди Мариа и Роналдо.

Реал Мадрид: Касиљас;Рамос,Карваљо,Пепе,Марсело;Чаби,Кедира;Ди Мариа,Озил,Роналдо;Адебајор.

Тотенхем:Гомес;Чорлука,Галас,Досон,Екото;Ленон,Сандро,Модрич,Бејл;Ван Дер Варт;Крауч.


Натпреварот започна како што никој не ни можеше да замисли,Тотенхем не стигна ни да ја допре топката а Реал веке имаше преднос.Се играше четвртата минута кога Емануел Адебајор ја искористи својата висина и со глава го матираше Гомес.Месут Озил центрираше од десната страна а Тогоанецот го надскока Џермејн Џенас и со глава ја затресе противничката мрежа.Лука Модрич се обиде од гол-линијата да ја сопре топката но залудно.1-0.

И после постигнатиот погодок , Реал беше тој што напаѓаше.Два пати ,Роналдо се обиде од далечина но и двете обиди завршија неуспешно покрај голот на Гомес.Во осмата минута Спарси возвратија , Ван Дер Варт изведе корнер , но Крауч не успева да ја погоди топката со глава.Патем го фаулира Рамос и заработува жолт картон.

Во 15 минута , Грауч прави остар старт над Марсело и судијата Брих е немилосрден , му покажува втор жолт картон и го исклучува од натпреварот.И со играч помалку , Тотенхем можеше да дојде до израмнување откако Досон во 29 минута одлично го проигра Бејл на левата крилна страна но Велшанецот стрелаше само од надворешната страна на голот.

За одбележување е и играњето со рака на Досон во шеснаесетникот но судијата не суди пенал за Реал.

Хари Реднап , веднаш на почетокот на второто полувреме прави измени.Наместо Ван Дер Варт влегува Дефо.Во 57 минута на центрашут на Марсело од левата страна повторно Адебајор сам во шеснаесетникот и недовлно чуван од Галас и друштвото со глава ја тресе противничката мрежа кој беше немоќен.2-0

Во 66 минута уште една голема шанса за Реал.Резервистот Диара одлично го проигрува Адебајор но овој пат Гомес спречува топката по трет пат да ја вади од својот гол.Се беше решено во 73 минута кога Анхел Ди Мариа доби топка по десната страна и од косо со фантастичен удар ја смести топката во горниот десен агол во голот на Тотенхем.3-0

Но тоа не беше крај.Три минути подоцна , резервистот Кака центрираше по левата страна кон Роналдо кој со десна нога од некои десет метри од косо успева да го совлада Гомес кој е и вистинскиот виновник за овој погодок на Реал.

Реал на овој натпревар упати 30 удари кон противничкиот гол што доволно докажува кој играл на овој меч.Во секој сегмент Реал го надигра гостинот од Лондон од кои се очекуваше многу повеке.

HALA MADRID

вторник, април 05, 2011

Најава : Реал Мадрид - Тотенхем



Во првиот натпревар од 1/4 финалето од Лигата на Шампионите на Сантијаго Бернабеу силите ке ги одмерат Реал Мадрид и Тотенхем.

Тотенхем во Мадрид доаѓа во најлош момент за Реал Мадрид.Хари Реднап со своите момци доаѓа само три дена по поразот на Реал од Спортинг и по кој шансите за титулата во Шпанија се завршени а и ја прекина низата од незагубен натпревар на домашен терен на Жозе Мурињо која траеше 150 натпревари.

Мурињо вечерва ке игра на резултат, тоа и самиот го најави на вчерашната пресконференција.Дури изјави дека и резултат од 0:0 ке биде добар.Во редовите на Реал по повредата се враќа Роналдо, потоа Чаби Алонсо кој против Спортинг отсутвуваше поради суспензија како и Марсело.Игуаин за очекување е дека ке добие шанса но само 20-30 минути во вториот дел.Гаго,Леон и Бензема се повредени и нема да настапат додека Албиол и Каналес се изоставени од составот.

Од друга страна ,Тотенхем и Хари Реднап се задоволни бидејки Герет Бејл ке настапи.Сепак Тотенхем има доста проблеми , посебно во одбраната.Досон се жали на повреда, но сепак ке настапи , додека Вудгејт,Хатон,Паласиос,Крањчар,Кабул и Кинг нема да играат поради повреди.Бејл ке настапи но сепак прашање е колку ке може да пружи бидејки не е доволно опоравен.

Што се однесува на меѓусебните натпревари , досега имаат одиграно два натпревари.Во купот на УЕФА во 1985 година.Реал во Лондон славеше со 1:0 , додека во реваншот беше 0:0 на Бернабеу.Ова е четврто патување на Тотенхем во Шпанија , каде имаат два пораза и две нерешени натпревари.

Занимливости:

*Реаловата статистика на Сантијаго Бернабеу оваа сезона во Лигата на Шампионите е одлична:Четири победи , со гол разлика 11:0.Исто така на Реаловата страна е и историјата.Додека Тотенхем претходно само еднаш играл во четвртфиналето од ЛШ , додека на Реал тоа му пошло од рака дури 27 пати од кои 21 поминале во следната фаза.

*Претходно , со саботниот пораз од Спортинг се прекина серијата од 22 натпревари на домашен терен со 22 победи.Исто така Мурињо го доживеа првиот пораз на домашен терен по 9 години откако ги водеше Порто,Челзи,Интер и сега Реал.

*Последниот триумф во ЛШ против Англиски клуб , Реал го оствари во сезоната 2002/03 кога со вкупен резултат од 6-5 го елиминираа Јунајтед.Вкупниот скор на Реал против тимови од Англија е четири победи, четири нерешени и два пораза.

*Тотенхем последниот натпревар против тим од Шпанија го имаше против Гетафе во 2007/08 во Купот на Уефа.Со погодокот на Гранеро кој таа сезона играше во Гетафе , Тотенхем беше поразен на Варт Харт Лејн со 2-1.

*Својот прв европски трофеј Тотенхем го освои против Шпанска екипа.Во финалето од КПК 1963 против Атлетико Мадрид со 5-1

*Роналдо никогаш не изгубил натпревар против Тотенхем откако шест сезони го носеше дресот на Јунајтед.Во 14 одиграни натпревари Роналдо шест пати ја тресел нивната мрежа.

Можни Состави:

Реал Мадрид: Касиљас;Рамос,Пепе,Карваљо,Марсело;Кедира,Алонсо,Ди Мариа,Озил,Роналдо;Адебајор.

Тотенхем: Гомез;Асу-Екото,Басонг,Досон,Чорлука;Модрич,Хаделстон,Ленон,Ван Дер Варт,Бејл;Крауч

Мечот се игра на Сантијаго Бернабеу со почеток во 20:45 часот , судија е Германецот Феликс Брух

Венгер : Тотенхем може да го помине Реал


Тренерот на Арсенал , Арсен Венгер смета дека Тотенхем не е без никакви шанси во четвртфиналето од ЛШ против Реал.

Венгер:Секој може секој да победи.Да се беше нормално денеска во ЛШ немаше да ја нема повеке Барселона.Сигурен сум дека ние ке победевме да не добиеше Ван Перси црвен картон.Па затоа зошто Тотенхем да не го победи Реал?Реал го има тој недостаток што првиот натпревар го игра дома , додека Спарси одлично играт на свој терен и во возвратниот натпревар ке бидат многу опасни.Мислам дека изгедите на овој натпревар се 50-50.

Адебајор : Мораме да веруваме во себе



Емануел Адебајор , тогоанскиот напаѓач кој од Јануари игра како позајмен играч во Реал , во натпреварот со Тотенхем влегувам без никаков страх.Вечерва , Реал ке го нагости Тотенхем во првиот натпревар од четвртфиналето од ЛШ.Тотенхем веке ги намачи Интер во групната фаза а потоа да го елиминира и Милан од осминафиналето.

Адебајор:Мораме да веруваме во себе.Ако и малку покажаме страх , нема да можеме да ја играме нашата игра а и противникот ке го искористи тоа.Мислам дека со оваа екипа и овој тренер можеме да ја освоиме Лигата на Шампионите.

Игуаин : Ке дадеме се од себе



Денеска на прес конференцијата , пред присутните новинари се обрати Гонзало Игуаин.Напаѓачот на Реал , очекува тежок натпревар , но верува дека Реал може да се избори за добар резултат пред реваншот во Лондон.

Игуаин:Ова е огромен предизвик за нас.Ние ке се потрудиме и дадеме се од себе да оствариме поволен резултат и што е можно подобар.Знаеме дека пред нас е голема одговорност и многу сме возбудени поради тоа.Големо е уживањето и можноста да играте со оваа екипа , посебно откако претрпев тешка повреда.Многу е важно што се вратив во овој дел од сезоната за да помогнам на клубот.Среќен сум што повеке не осеќам повеке болки.Добро се согласувам со Адебајор.Се прилагодувам и работам тоа што тренерот го бара од мене.Секогаш се обидувам да се прилагодам на екипата кога играм.

петок, април 01, 2011

15 милиони евра за Дрогба?



Управата на Реал Мадрид е спремна да издвои 15 милиони евра за да го ангажира репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска и фудбалер на Челзи , Дидиер Дрогба.

Со обзир натоа дека Дрогба е од поодамна на листата на желби на Мурињо , Перез ке се обиде да го доведе на Бернабеу и за таа цел има издвоено 15 милиони евра за напаѓачот кој има 33 години.
Мурињо долго време сезонова се ослонуваше на Роналдо,Игуаин и Бензема кои го покажаа својот потенцијал , додека Адебајор уште ги нема исполнето очекувањата.

Бејл и Галас неизвесни за Реал



Сеуште не е познато дали Герет Бејл и Вилијам Галас ке можат да играт за Тотенхем во вторник против Реал Мадрид од Лигата на Шампионите.Бејл има повреда на задната ложа додека Галас со коленото.Двајцата сигурно го пропуштаат дуелот со Виган од 31 коло од ПремиерЛигата.За Тотенхем веке отсуствуваат Ледли Кинг,Вудгејт и Јоанес Кабул.

Модрич:"Реал е фаворит,но..."



Лука Модрич за медиумите даде свое видување за двомечот со Реал Мадрид од Лигата на Шампионите во кое Реал го смета за фаворит но дека не е се однапред завршено.

Модрич:Пред на е натпреварот на сезоната во Лигата на Шампионите.Реал е фаворит но ке докажеме дека можеме да играме против големите екипи.Ке покажеме против нив ке можеме да бидеме добри и дека досегашните резултати не се случајни.Ке видеме дали тоа ке биде доволно за премин во следната фаза , но во тој натпревар ке уживаме.

Мурињо:"Кикс против Спортинг и готовo е...."



Мурињо:"Натпреварот против Спортинг е многу поважен од оној против Тотенхем кој следи.Причината е јасна - против Спарси ке играме и возвратен натпревар.Пораз или нерешен исход против Спортинг и можеме да се простиме од борбата за титулата.За ЛШ можам да кажам дека имаме млад тим , најмлад во ЛШ , но исто така ова е сјајна екипа.Јас имам четиригодишен договор и ке останам овде и подолго доколку тоа го сака раководството и навивачите.За Роналдо,Марсело и Бензема за жал нема да сметам дури до мечот со Атлетик Билбао , тоа ми го потврди лекарската екипа.

Kaка,Роналдо,Бензема,Марсело,Гаго во аут


Жозе Мурињо го објави списокот на играчи за мечот со Спортинг Гижон.На списокот од 20 играчи ги нема Кака,Роналдо,Бензема,Марсело и Гаго кои се повредени и Леон кој поради одлука на тренерот не е повикан.Добра вест за Мурињо е вракањето на Игуаин кој по долга пауза би требало да добие 10-15 минути.

Голмани:Касиљас,Адан,Дудек
Одбрана:Гарај,Албиол,Рамос,Карваљо,Пепе,Арбелоа
Средина:Лас,Кедира,Алекс,Хуанфран,Каналес,Озил,Ди Мариа,Хуан Карлос
Напад:Адебајор и Игуаин

четврток, март 31, 2011

Каналес на мета на Англичаните






Младиот играч за врска на Реал, Каналес наводно се наоѓа на "излезните врати" на Реал, бидејќи не е задоволен од минутажата која му ја дава Жозе Мурињо.

За него се заинтересирани повеќе клубови, пред се, англиските. Челзи, Арсенал и Ливерпул сакаат да го видат во своите редови, а сериозен кандидат за негово ангажирање е и Севиља.

Младиот шпански играч, во Реал стигна минатото лето, но покрај Кака и Озил не успеа да избори место во првиот тим.

Таиво на мета на Реал ?




Дефанзивецот на Марсеј, Таиво е на мета на Реал Мадрид, твдри Марка.
Иако најверојатно се чинеше дека овој играч од наредната сезона ќе го носи дресот на Бенфика, Марка тврди дека во борба за него се приклучиле и Реал Мадрид.

Наводно Жозе Мурињо, го гледа Таиво како идеална алтернатива за Марсело на позиција лев бек, и ќе се обиде да го доведе на Сантијаго. Бенфика го сакаат Таиво како замена за Фабио Коентрао кој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Баерн Минхен