сабота, април 09, 2011

Јувентус заинтересиран за Адебајор

Posted on 4/09/2011 by Dani



Управата на Јувентус ги означи Адебајор, и бразилскиот талент Неимар како први на листата на засилувања за летниот преоден рок.

Парите потребни за Неимар (околу 30 милиони евра) Јувентус планира да ги добие со продажба на Амаури, Иакинта и Сисоко. Меѓутоа според медиумите, за услугите на Неимар во прв план се Барселона и Реал, така што Јувентус ќе треба да се потруди повеќе ако сака да го доведе во своите редови.

Доколку имаат финансиска можност, ќе се обидат да го купат и Емануел Адебајор, кој, како што стојат работите, не е веќе на листата на оние играчи на Манчестер Сити кои ќе бидат дел од клубот и наредната сезона. Но, според информациите од Шпанија, и Реал е заинтересиран да го откупи овој играч.

No Response to "Јувентус заинтересиран за Адебајор"

Leave A Reply