вторник, април 05, 2011

Најава : Реал Мадрид - Тотенхем

Posted on 4/05/2011 by Raisinloaf



Во првиот натпревар од 1/4 финалето од Лигата на Шампионите на Сантијаго Бернабеу силите ке ги одмерат Реал Мадрид и Тотенхем.

Тотенхем во Мадрид доаѓа во најлош момент за Реал Мадрид.Хари Реднап со своите момци доаѓа само три дена по поразот на Реал од Спортинг и по кој шансите за титулата во Шпанија се завршени а и ја прекина низата од незагубен натпревар на домашен терен на Жозе Мурињо која траеше 150 натпревари.

Мурињо вечерва ке игра на резултат, тоа и самиот го најави на вчерашната пресконференција.Дури изјави дека и резултат од 0:0 ке биде добар.Во редовите на Реал по повредата се враќа Роналдо, потоа Чаби Алонсо кој против Спортинг отсутвуваше поради суспензија како и Марсело.Игуаин за очекување е дека ке добие шанса но само 20-30 минути во вториот дел.Гаго,Леон и Бензема се повредени и нема да настапат додека Албиол и Каналес се изоставени од составот.

Од друга страна ,Тотенхем и Хари Реднап се задоволни бидејки Герет Бејл ке настапи.Сепак Тотенхем има доста проблеми , посебно во одбраната.Досон се жали на повреда, но сепак ке настапи , додека Вудгејт,Хатон,Паласиос,Крањчар,Кабул и Кинг нема да играат поради повреди.Бејл ке настапи но сепак прашање е колку ке може да пружи бидејки не е доволно опоравен.

Што се однесува на меѓусебните натпревари , досега имаат одиграно два натпревари.Во купот на УЕФА во 1985 година.Реал во Лондон славеше со 1:0 , додека во реваншот беше 0:0 на Бернабеу.Ова е четврто патување на Тотенхем во Шпанија , каде имаат два пораза и две нерешени натпревари.

Занимливости:

*Реаловата статистика на Сантијаго Бернабеу оваа сезона во Лигата на Шампионите е одлична:Четири победи , со гол разлика 11:0.Исто така на Реаловата страна е и историјата.Додека Тотенхем претходно само еднаш играл во четвртфиналето од ЛШ , додека на Реал тоа му пошло од рака дури 27 пати од кои 21 поминале во следната фаза.

*Претходно , со саботниот пораз од Спортинг се прекина серијата од 22 натпревари на домашен терен со 22 победи.Исто така Мурињо го доживеа првиот пораз на домашен терен по 9 години откако ги водеше Порто,Челзи,Интер и сега Реал.

*Последниот триумф во ЛШ против Англиски клуб , Реал го оствари во сезоната 2002/03 кога со вкупен резултат од 6-5 го елиминираа Јунајтед.Вкупниот скор на Реал против тимови од Англија е четири победи, четири нерешени и два пораза.

*Тотенхем последниот натпревар против тим од Шпанија го имаше против Гетафе во 2007/08 во Купот на Уефа.Со погодокот на Гранеро кој таа сезона играше во Гетафе , Тотенхем беше поразен на Варт Харт Лејн со 2-1.

*Својот прв европски трофеј Тотенхем го освои против Шпанска екипа.Во финалето од КПК 1963 против Атлетико Мадрид со 5-1

*Роналдо никогаш не изгубил натпревар против Тотенхем откако шест сезони го носеше дресот на Јунајтед.Во 14 одиграни натпревари Роналдо шест пати ја тресел нивната мрежа.

Можни Состави:

Реал Мадрид: Касиљас;Рамос,Пепе,Карваљо,Марсело;Кедира,Алонсо,Ди Мариа,Озил,Роналдо;Адебајор.

Тотенхем: Гомез;Асу-Екото,Басонг,Досон,Чорлука;Модрич,Хаделстон,Ленон,Ван Дер Варт,Бејл;Крауч

Мечот се игра на Сантијаго Бернабеу со почеток во 20:45 часот , судија е Германецот Феликс Брух

1 Response to "Најава : Реал Мадрид - Тотенхем"

.
gravatar
Анонимен Says....

I love what you guys are usually up too. This
type of clever work and coverage! Keep up the superb works
guys I've included you guys to our blogroll.

Take a look at my homepage slimserver

Leave A Reply