среда, април 06, 2011

Роналдо:Имаме причина да славиме

Posted on 4/06/2011 by Raisinloaf



Ѕвездата на Реал , Кристиано Роналдо е воодушевен од убедливата победа , но исто како и Мурињо , и тој смета дека сеуште ништо не е готово.

Роналдо:Многу сум среќен,исто како и целата екипа.Сјајно е да победиш екипа како што е Тотенхем ,посебно што резултатот гласи 4:0 и тоа во 1/4 финале од ЛШ.Имаме причина да славиме но сепак мора да останеме фокусирани бидејки имаме уште 90 минути и тоа во Лондон.Ја игравме нашата игра,а исклучувањето на Крауч само ни ја олесни работата.Добро ја контролиравме топката,имавме посед,правевме притисок и сето тоа резултираше со висока победа.Играв во Англија и знам дека тие никогаш не се предаваат.Бидете сигурни дека нема да ги потцениме.

No Response to "Роналдо:Имаме причина да славиме"

Leave A Reply