среда, април 06, 2011

Реал Мадрид - Тотенхем 4:0

Posted on 4/06/2011 by Raisinloaf



Во првиот натпревар од 1/4 финалето на ЛШ , Реал Мадрид на Сантиаго Бернабеу го демолира Тотенхем со 4:0.Двоен Стрелец е Адебајор а по еден погодок постигнаа Ди Мариа и Роналдо.

Реал Мадрид: Касиљас;Рамос,Карваљо,Пепе,Марсело;Чаби,Кедира;Ди Мариа,Озил,Роналдо;Адебајор.

Тотенхем:Гомес;Чорлука,Галас,Досон,Екото;Ленон,Сандро,Модрич,Бејл;Ван Дер Варт;Крауч.


Натпреварот започна како што никој не ни можеше да замисли,Тотенхем не стигна ни да ја допре топката а Реал веке имаше преднос.Се играше четвртата минута кога Емануел Адебајор ја искористи својата висина и со глава го матираше Гомес.Месут Озил центрираше од десната страна а Тогоанецот го надскока Џермејн Џенас и со глава ја затресе противничката мрежа.Лука Модрич се обиде од гол-линијата да ја сопре топката но залудно.1-0.

И после постигнатиот погодок , Реал беше тој што напаѓаше.Два пати ,Роналдо се обиде од далечина но и двете обиди завршија неуспешно покрај голот на Гомес.Во осмата минута Спарси возвратија , Ван Дер Варт изведе корнер , но Крауч не успева да ја погоди топката со глава.Патем го фаулира Рамос и заработува жолт картон.

Во 15 минута , Грауч прави остар старт над Марсело и судијата Брих е немилосрден , му покажува втор жолт картон и го исклучува од натпреварот.И со играч помалку , Тотенхем можеше да дојде до израмнување откако Досон во 29 минута одлично го проигра Бејл на левата крилна страна но Велшанецот стрелаше само од надворешната страна на голот.

За одбележување е и играњето со рака на Досон во шеснаесетникот но судијата не суди пенал за Реал.

Хари Реднап , веднаш на почетокот на второто полувреме прави измени.Наместо Ван Дер Варт влегува Дефо.Во 57 минута на центрашут на Марсело од левата страна повторно Адебајор сам во шеснаесетникот и недовлно чуван од Галас и друштвото со глава ја тресе противничката мрежа кој беше немоќен.2-0

Во 66 минута уште една голема шанса за Реал.Резервистот Диара одлично го проигрува Адебајор но овој пат Гомес спречува топката по трет пат да ја вади од својот гол.Се беше решено во 73 минута кога Анхел Ди Мариа доби топка по десната страна и од косо со фантастичен удар ја смести топката во горниот десен агол во голот на Тотенхем.3-0

Но тоа не беше крај.Три минути подоцна , резервистот Кака центрираше по левата страна кон Роналдо кој со десна нога од некои десет метри од косо успева да го совлада Гомес кој е и вистинскиот виновник за овој погодок на Реал.

Реал на овој натпревар упати 30 удари кон противничкиот гол што доволно докажува кој играл на овој меч.Во секој сегмент Реал го надигра гостинот од Лондон од кои се очекуваше многу повеке.

HALA MADRID

No Response to "Реал Мадрид - Тотенхем 4:0"

Leave A Reply