вторник, март 22, 2011

Лас блиску до премин во Милан?

Posted on 3/22/2011 by Raisinloaf


Реал деновиве е пренатрупан со шпекулации за можни нови засилувања или продажба на играчи на лето.Она што за Реал Мадрид е најголем проблем е тоа што за играчите кои не се во форма и се на клупа секогаш се цел на медиумските шпекулации и постојани натписи за нивно заминување.Така последен во низата влезе Ласана Диара кој сезонава го загуби стартното место со доаѓањето на Сами Кедира и не е сигурен за својата иднина во Реал.Според Ла Газета , Милан е спремен да испрати 15 милиони за Реал и 2.5 милиони евра годишна плата а тој би ја пополнил празнината која би се створила со заминувањето на Пирло,Гатузи и Сидорф.Тие три играчи до 19.мај заедно ке имаат 100 години , што по просек е 33.3 години со што нивните кариери се веке пред пензија а Милан не гледа веке корист од нив освен голема дупка во буџетот со нивните големи плати.На лето Милан има подготвено 45 милиони евра за трансфери а интерес пројавија и за Серхио Рамос но шансите за негов ангажман се скоро никакви.

No Response to "Лас блиску до премин во Милан?"

Leave A Reply