понеделник, март 07, 2011

Марсело на мета на Арсенал?

Posted on 3/07/2011 by Raisinloaf


Бразилецот , Марсело се најде на мета на лондонскиот Арсенал откако во изминатите две сезони игра фантастично.Арсен Венгер во него гледа вистински играч за неговиот тим.

Со оглед на тоа дека Арсенал има проблем со физичката подготвеност на играчите , посебно на дефанзивците па затоа Венгер сака да ја засили одбраната за следната сезона со добар офанзивен бек.Венгер од управата на Арсенал ке бара да му донесе нов напаѓач но и 17 милиони за Марсело кој под водство на Мурињо е се подобар и прераснува во незаменлива алка во екипата.Реал на лето ке има големи проблеми откако и за десниот бек Рамос ке има големи шпекулации и понуди од Милан,Челзи и Сити.Рамос и Марсело се едни од најдобрите играчи на своите позиции во светот и разбирливо е што за нив има интерес а раководството и тренерот уште еднаш потврдија дека Рамос и Марсело се иднината на клубот и не планираат да ги продават.Марсело со својата игра многу потсеќа на Роберто Карлос и тој многупати изјави дека сака до крајот на кариерата да остане во Мадрид.Од Арсенал се спремни да му понудат 3.5 милиони годишно но проблем за Арсенал е што Реал не ни планира да чуе за некаква понуда а посебно за мизерни 17 милиони за играч како Марсело кој вреди два пати повеке.Сепак од Челзи имаат поинаков план , тие планираат да се ослободат од проблематичниот Ешли Кол , играч за кој Реал и порано се интересираше уште кога го носеше дресот на Арсенал а сега Челзи со понуда од 20 милиони и Ешли Кол ке се обиде да дојде до неговите услуги.Навивачите и на шпекулациите за трансфер на Рамос во Милан бурно реагираа и бараа да бидат одбиени сите понуди , а сега истото се очекува и за Марсело.

No Response to "Марсело на мета на Арсенал?"

Leave A Reply