петок, март 25, 2011

Озил е најдобро засилување во Европа!!!

Posted on 3/25/2011 by Raisinloaf



Англискиот фудбалски портал Goal.com објави листа на играчите кои го засилија Реал Мадрид и оцени за тоа колку добро одиграле досега.Месут Озил е оценет со 5+ што е сосема заслужено.
Реал Мадрид минатото лето потроши 75 милиони евра.Може да се рече дека вложувањето во засилувања за прв пат и тоа како се покажаа како вистински.Реал е се потежок противник,тимот игра многу добро на сите полиња , нешто што одамна ,уште од времето на Винсенте Дел Боске изостанува.Во Реал Мадрид сезонава дојдоа Каналес,Карваљо,Кедира,Ди Мариа,Озил,Леон и Адебајор.Goal.com на Каналес му даде оцена 2,Педро Леон 3-,Адебајор 4-,Кедира 4 а останатите со највисоки оцени.

Месут Озил (оцена 5+) Донесен е за 15 милиони евра од Вердер.Со сјајните партии дефинитивно го отпиша Кака од првиот тим а досега одигра дури 41 натпревар и постигна 10 погодоци.Goal.com на овој играч го оцени уште и како Најдоброто засилување во Европа.Озил покрај 10 погодоци запиша и 15 асистенции што го прави комплетен играч и многу важен за тимот.

Рикардо Карваљо (оцена 5)Иако многу искусен , беше одличен и 8 милиони се премалку за она што тој му го понуди на Реал.Пристигна од Челзи а досега одигра 37 натпревари и постигна 3 погодоци.Goal.com неговото доагање во Реал го опиша како едно од најпаметните засилувања во последните 10 години во одбраната.Тој исти така е еден од ретките играчи кои во главно на сите натпревари доби оцена 9 , а на мечот од ЛШ против Милан беше оценет со чиста десетка.

Ди Мариа (оцена 5) Овој млад Аргентинец е најскапо засилување за Реал оваа сезона.Бенфика за него доби 25 милиони евра а Реал за возврат доби играч кој постигна 8 погодоци и 18 асистенции.Колку е добар покажува податокот дека во Примера е играч со најмногу изнудени пенали и секој од нив е искористен.Goal.com го смета како играч кој комплетно ги оправдал вложените средства и дека деновите на Ди Мариа допрва доаѓаат исто како и на Озил.

No Response to "Озил е најдобро засилување во Европа!!!"

Leave A Reply