среда, март 23, 2011

Замена Игуаин-Кјелини?

Posted on 3/23/2011 by Raisinloaf


Со вракањето на Гонзало Игуаин во време кога Бензема е во топ форма и не е добро за Аргентинецот.Италијанските медуими веднаш го поврзаа со заминување од Реал и преселба во Јувентус од каде се спремни да го понудат Кјелини како дел од трансферот.

Иако звучи малку веројатно , за Италијанските медиуми тоа е вистинито.Имено , Калчомеркато денеска објави дека Реал се интересира за Кјелини но Старата Дама не планира така лесно да се откаже од својот столб во одбраната.Игуаин полека се враќа на терените но Бензема е во добра форма и ке мора да ја чека својата шанса од клупа.Кјелини вреди 28 милиони евра , и Реал нема толку пари за да го купи , иако во план имаат да доведат еден плејмејкер и еден стопер а вкупната сума на располагање не би била повеке од 35 милиони евра.Имено , Реал веке го договори вракањето на Парехо во тимот што ке ги чини 6 милиони евра , 15 милиони за целосен трансфер на Адебајор и ке им остане само 14 милиони што не се доволни за Кјелини.Сепак , раководството па и тренерот знаат дека со продажба на Игуаин ке си заработат многу негативни поени кај најверните навивачи на Реал бидејки со своите игри во последните 3-4 сезони Игуаин целосно ги придоби а со своите изјави дека само Реал му е во срцето и сака во Реал да ја заврши кариерата додатно ја зголемува својата доверба кај нив.Игуаин за шпанска МАРКА изјави дека никогаш не би играл во Италија поради стилот кој таму се негува.

No Response to "Замена Игуаин-Кјелини?"

Leave A Reply