вторник, март 22, 2011

Супер-тандем: Сарабија и Мората

Posted on 3/22/2011 by Raisinloaf


Реал Мадрид Кастиља пред два дена остварија нова победа , а вообичаено сезонава за Кастиља главни актери на теренот повторно се Сарабија и Мората кои се едни од најголемите надежи на РЕал Мадрид и Шпанија.

Кастиља во последните 11 натпревари оствари 10 победи и едно реми и се на третото место на табелата кое води во бараж за влез во Секунда.За каков потенцијал се работи говори податокот дека Сарабија и Мората се најдобри стрелци во лигата а Кастиља го има и најдобрата одбрана во лигата.Со ова докажуваат дека времето на младинците допрва доаѓа и дека раководството мора сериозно да обрне внимание кон овие играчи наместо трошење на огромни суми на засилувања.

No Response to "Супер-тандем: Сарабија и Мората"

Leave A Reply