среда, март 16, 2011

Најава: Реал Мадрид - Лион

Posted on 3/16/2011 by Dani



Пред Реал Мадрид вечерва е еден од најважните натпревари сезонава , ако не и најважен.Возвратниот дуел од осминафиналето од ЛШ проти Лион со кој во првиот натпревар се одигра само 1:1.

Три недели по првиот натпревар , Реал Мадрид со мала предност го дочекува Лион поради постигнатиот погодок на гости.Мурињо повика 21 играч а вероватно ке стартува и Роналдо иако е сеуште неизвесен.

Моментална форма: Реал е во добра форма , иако во последните два натпревара играше без Роналдо.Во последните пет натпревари Реал , три пати славеше и два пати ремизираше.Нерешено одигра со Депортиво и со Лион додека славеше против Малага,Расинг и Херкулес.И Лион игра во добра форма , во последните пет натпревари има ист скор како и Реал , нерешено со Реал и Лил и победа над Нанси,Арлес и Сошо.Реал сезонава на домашен терен во ЛШ не прими ниеден погодок со што се покажува квалитетот сезонава на Реаловата одбрана.

Можни состави:

Реал Мадрид - Мурињо и вечерва би требало да остане верен на својата формација 4-2-3-1 па така Реал од првата минута би требало да тргне со Касиљас,Рамос,Пепе,Карваљо, Марсело,Кедија,Алонсо,Ди Марија,Роналдо,Озил и Бензема.На клупата би останале Лас,Адебајор,Гранеро,Каналес,Арбелоа,Гарај,Албиол,Карлос,Дудек и Адан.

Лион - Клод Пуел исто така ке игра со формација 4-2-3-1 и ке стартуваат Љорис,Сисоко,Ловрен,Крис,Ре веиљер,Калстром,Тулалан,Делгадо,Ѓуркуф,Брианд и Лисандро Лопез.На клупата ке останат Лаказете,Гомис,Пјаник,Грениер,Голанос,Гасама,Диаките и Веркутре.

Останато: Доколко Реал вечерва го совлада Лион ке помине во следниот круг првпат по 6 години и по прв пат ке има позитивен резултат против Лион.Лион никогаш не поминав во следниот круг од ЛШ откако во првиот натпревар ремизирал а Мурињо никогаш не изгубил од Француска екипа.Исто така со победа, Реал ке остане единствената екипа во Европа кој во три различни натпреварувања на домашен терен има 100% учинок.Судија на мечот вечерва е Словенецот Дамир Скомина.

No Response to "Најава: Реал Мадрид - Лион"

Leave A Reply