понеделник, март 14, 2011

Марсело и Кедира во Италија?

Posted on 3/14/2011 by Raisinloaf


Италијанските медиуми денеска пренесуваат дека два играчи на Реал Мадрид следната сезона кариерите ке ги продолжат во Италија.Двете понуди до Реал се од Милан и Јувентус.Онаа на Милан се однесува на Марсело кој е незаменлив на левата бековска позиција во Реал сезонава а за него се спремни да издвојат 10 милиони плус еден играч.Имено оваа смешна понуда , Перез без размислување би ја одбил и затоа од Милан имаат втора опција за Марсело а тоа е 15 милиони евра плус неколку милиони како бонуси во наредните сезони.Сепак Мурињо и порано објави дека нема намера да го продава еден од најдобрите играчи во својот состав , уште повеке поради тоа што сезонава е стандарден и пропушти само неколку натпревари и тоа поради одлука на тренерот да го одмори за поважните натпревари.Марсело со Реал има договор до 2015 година и тој изјави дека има намера да остане и подолго а според договорот откупната клаузула му е 18 милиони  евра.Вториот играј кој се најде во денешните новости е Сами Кедира , 23 годишниот репрезентативец на Германија кој ја игра својата дебитантска сезона во дресот на Реал Мадрид.Јувентус во Кедира гледа долгорочна замена за Сисоко кој се очекува да замине по крајот на сезоната а за Кедира би платиле 12 милиони евра , сума што со оглед на добрите игри сезонава во дресот на Реал е смешна , уште повеке што со Реал има договор до 2015 година и има откупна клаузула од 20 милиони евра.И Баерн се интересира за Кедира но тие веке добија одоговор од Кедира дека во Реал е спремен да остане долго и да направи успешна кариера во Мадрид за што навивачите долго ке го паметат.

No Response to "Марсело и Кедира во Италија?"

Leave A Reply