четврток, март 10, 2011

Официјално:Херкулес преговара за Педро Леон

Posted on 3/10/2011 by Raisinloaf


Претседателот на Херкулес и службениот секретар на клубот овие денови тврдат дека неговиот тим ке го ангажира Педро Леон.Тешката повреда на нивниот играч Тоте ги натера челниците да размислат за оваа опција до крајот на сезоната да го доведат Педро Леон.Оваа опција име е возможна бидејки не играт во ниедно натпреварување во Европа и без проблем ке можат да го позајмат Леон.Се верува дека се би било договорено во Сабота кога Реал и Херкулес играат меѓусебе во рамките на Ла Лига.

Флорентино Перез е спремен да го пушти Леон , со оглед на тоа дека имаше доста проблеми со него , за што и тренерот Мурињо нема премногу симпатии кон играчот и почесто седи на клупата отколку што добива шанса за настап.Херкулес веке има еден играч на Реал во своите редови , Ројстон Дренте кој исто така не беше во плановите на Мурињо па е позајмен на Херкулес.

Исто така , против Реал за Херкулес нема да настапи , Давид Трезеге нивниот најдобар напаѓач , а на листата за неизвесни за натпреварот е и Дренте.Со тоа можно е најдобрите три играчи да не настапат , Тоте,Дренте и Трезеге и со тоа Реал лесно да го дотолчи противникот.

No Response to "Официјално:Херкулес преговара за Педро Леон"

Leave A Reply