вторник, март 08, 2011

Кака прескап за Милан

Posted on 3/08/2011 by Dani

Бразилскиот играч од редовите на Реал, Кака, нема да се врати во редовите на неговиот поранешен тим, Милан. Тоа го потврди и спортскиот директор на Милан, Адриано Галиани.

Кака беше одличен играч во Милан, каде што играше од 2002 година до преселувањето во Реал.
Тој имаше тешка повреда, и отсуствуваше повеќе од пола година, поради тоа тој неможе да игра на нивото како што играше во Милан.

Во последно време се спомнуваше негово враќање на Сан Сиро, но Галиани, спортскиот директор на моменталниот лидер во Серија А, изјави дека клубот неможе да си го дозволи тој трансфер.

"Неговата плата е превисока. Да би се вратил во Милан, ке треба значително да ги намали примањата. Неможеме да си дозволиме уште еден скап играч, со плата која наликува како онаа на Ибрахимовиќ."

No Response to "Кака прескап за Милан"

Leave A Reply