четврток, март 03, 2011

Понуда за Пепе "земи или остави"

Posted on 3/03/2011 by Dimitar Madridista


Реал Мадрид го загуби трпението со Пепе,и одлучи на Португалецот да му понуди финална верзија на идниот договор.Ако Пепе не ги прифати новите услови ќе биде продаден.Тој е во преговори со клубот и во моментот кога се мислеше дека ќе ја прифати понудата,тој ја одби.Португалскиот стопер бара најмалку 3,8 милиони евра по сезона во однос на 1,8 колку што зема сега.Се верува дека сега му се понудени 3,5 милиони,и најверојатно тоа ќе биде последната понуда на Кралскиот клуб.Пепе има 28 години и договорот му истекува во 2012 година,а за него се заинтересирани неколку Италјански и Англиски клубови.Доколку не ја прифати последната понуда на Реал,Пепе може да биде ставен на трансфер листата не лето.

No Response to "Понуда за Пепе "земи или остави""

Leave A Reply