петок, март 04, 2011

Реал Мадрид 7:0 Малага

Posted on 3/04/2011 by Raisinloaf



Висока и потполно очекувана победа оствари Реал Мадрид над Малага , чија мрежа се тресеше дури седум пати.Мрежата на гостинот прв пат се тресеше во 21 , минута кога Бензема погоди на наврлување на Алонсо , но погодокот беше поништен поради овсајд.Сепак , шест минути подоцна , Алонсо изведува слободен удар од косо а Бензема на ефектен начин ја тресе мрежата на гостинот.Во 35 , минута Марсело со сјаен пас го исфрла Ди Мариа сам пред голот на противникот а Аргентинецот со без проблеми зголемува на 2:0.

За третиот погодок , Ди Мариа и Марсело си ги заменија улогите , овој пат Ди Мариа му асистира на Марсело за 3:0 , резултат што го одбележа првото полувреме.

Во второто полувреме , Реал продолжи уште пофуриозно , по додавање на Озил , Роналдо го постигнува првиот погодок а воедно и 4:0 за Реал.

По само 10 Минути уште едно разочарување на гостите , Марсело центрираше од левата страна а Бензема со глава го постигнува неговиот втор погодок а воедно и веке 5:0 на натпреварот.Во 67 минута , Маноло Гаспар игра со рака во сопствениот шеснаесетник и добова жолт картон , негов втор на натпреварот по што Малага остана со играч помалку а Роналдо од пенал го доведува Реал во високо водство од 6:0.Реал до крајот на натпреварот продолжи со притисок кон голот на Малага што резултираше со уште еден погодок откако Каналес одлично го пронајде Роналдо кој го постигна третиот погодок на натпреварот а воедно и конечниот резултат од 7:0.

Ова за Реал беше 13 последувателна победа за Реал на домашен терен во Примера , додека Малага не знае за победа веке пет гостувања по ред.

No Response to "Реал Мадрид 7:0 Малага"

Leave A Reply