четврток, февруари 10, 2011

Sport:Реал го краде Фабрегас

Posted on 2/10/2011 by Raisinloaf



Каталонскиот дневен весник Sport објави денеска дека Реал Мадрид на лето ке тргне по Цеск Фабрегас , кој е примарна трансфер цел на Барселона.Секој ден се се поголеми шпекулациите за нови играчи во Реал Мадрид и по Лам,Брено,Агуеро,Шоукрос,Бејл и уште многу други , Реал сега повторно се поврзува со Фабрегас.Плејмејкерот на Арсенал кој својата кариера ја градел во академијата на Барселона веке долго време е мета на каталонскиот клуб но покрај Барселона сега во трката се вклучени и Челзи со 50 милиони евра понуда и понудата на Реал Мадрид од 58 милиони евра.Арсенал бараше повеке од 50 милиони евра од Барселона но тие пари ни оваа лето не се спремни од Барселона да ги дадат и се шпекулира дека Перез ке ја искористи таквата ситуација и ке оди и со понуда до 60 милиони евра.Фабрегас и минатото лето се поврзуваше со Реал но се остана на шпекулациите.За AS и Marca ова е само шпекулација но знаејки го Перез тие веруваат дека Перез е спремен на уште едно бурно лето во кое се спрема да ги ангажира Бејл,Агуеро и Фабрегас.

No Response to "Sport:Реал го краде Фабрегас"

Leave A Reply