четврток, февруари 17, 2011

Манчестер Јунајтед го сака Марсело за Евра ?

Posted on 2/17/2011 by Dani


Според британските медиуми, менаџерот на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон е спремен да го пушти Евра во Реал, но доколку кралскиот тим, покрај пари, во трансферот го уклучи и Марсело. Евра и летото беше на мета на Реал Мадрид, но трансферот не се реализира бидејќи Манчестер не дозволија тој да го напушти тимот.

Меѓутоа сега е се поизвесно дека Евра ќе го напушти Манчестер на крајот од сезонава, а покрај Реал за него се заинтересирани и Интер. Но сепак Реал има поголеми шанси да го ангажира Евра, бидејќи тој неколку пати има изјавено дека сака да игра за кралскиот тим.

No Response to "Манчестер Јунајтед го сака Марсело за Евра ?"

Leave A Reply