понеделник, февруари 14, 2011

Реал демантира интерес за Фабрегас

Posted on 2/14/2011 by Dimitar Madridista


Реал Мадрид ги демантира написите во медиумите,кои укажуваат на трансфер на Фабрегас во Кралскиот клуб ова лето.Марка неодамна објави како Реал испрати понуда до Арсенал од 60 милиони евра плус Бензема,но сето тоа го демантира спорткиот директор Хорхе Валдано."Никогаш не испративме службена понуда,ниту пак сме разговарале со Арсенал.Имаме добар однос со нив и не сакаме недоразбирања"истакна Валдано.Тој исто така прокоментира и за продолжување на договорот со Пепе."Тој веќе покажа дека е одличен играч,напредуваме во преговорите и се надевам дека ќе најдеме некое решение.Мината сезона бевме во слична ситуација и со Игуаин но на крајот се испадна добро.Пепе е важен играч за тимот и затоа сакаме да го задржиме",додаде Валдано.

No Response to "Реал демантира интерес за Фабрегас"

Leave A Reply