понеделник, февруари 14, 2011

Мурињо: Ова беше важна победа

Posted on 2/14/2011 by Dani


























Жозе Мурињо, на вчерашната прес конференција после натпреварот, изјави дека е задоволен од тоа како изигра неговиот тим, бидејќи успеаа да издвојуваат победа на тешко гостување, а покрај тоа уште од 2 минута играа со играч помалку.

"Моите играчи беа фантастични. Ова е важна победа, остварена против силен противник, кој на свој терен играат одлично. Исклучивањето на Касиљас ме натера да го извадам Ди Мариа, играч кој со својата брзина, секогаш може да го загрози противникот."

"Моите играчи, многу добро ја прочитаа играта. После црвениот картон разговарав со Алонсо, и сите много добро разбраа што сакав. Немавме проблеми против тимот на Еспањол, кој имаат брзи напаѓачи кој играа на ивицата на офсајд."

"Пепе изигра фантастично, а Адебајор се трудеше за три играчи. Сите се жртвуваа. Адан имаше неочекувано деби, и беше одличен. Изгледаше како ветеран. Сакам да му честитам на тренерот за голмани, кој прави чуда, и го сметам за најдобриот на свет."

"Судијата можда погрешно го исклучи Касиљас, а и не ни досуди пенал. Не сакам да губам играчи, но тој е одличен судија и секако има право да направи грешка. Не дозволува глумење, и тоа ми се допаѓа."

No Response to "Мурињо: Ова беше важна победа"

Leave A Reply