среда, февруари 09, 2011

Дел Боске почесен член на Реал Мадрид

Posted on 2/09/2011 by Raisinloaf


Претседателот на Реал Мадрид , Флорентино Перез на состанокот на членовите на клубот одлучил дека Винсенте Дел Боске ке стане почесен член на најдобриот клуб во историјата на фудбалот.

Имено Винсенте Дел Боске многумина ги асоцира на претходното Светско Првенство , но сепак својата репутација тој ја стекна предводејки го Реал Мадрид.Многумина сеуште не се согласуваат поради отказот кој му беше даден и сеуште го немаат прежалено.Винсенте Дел Боске признанието ке го добие на лето , многумина од членовите се согласуваат тој да присуствува и на состаноците а и за тоа да тој има и право на глас.

Дел Боске како играч на Реал најпрво бил три години на позајмица а севкупно дресот на Реал го носел цели единаеден години со кој освоил четири пати Кралскиот Куп и пет пари Шпанското Првенство.1985 година застанува на чело на младинскиот погодон а 9 години подоцна за прв пат добива шанса да го води првиот тим на Реал но по необични околности.Вистинската слава ја стекнува 1999 година со враќањето на клупата на Реал Мадрид во кој во период од три години освојува осум титули , од кои два пати Лигата на Шампионите.Но поради што си замина?Тоа тогашниот претседател Перез никогаш не го откри.Едни тврдат дека се заситил , други дека Перез го избркал а некои дека имал недоразбирања со играчите т.е тогашните галактикоси кои барале тој да замине.

No Response to "Дел Боске почесен член на Реал Мадрид"

Leave A Reply