среда, февруари 09, 2011

Во Мадрид се бара нов стопер

Posted on 2/09/2011 by Raisinloaf


Се чини дека преговорите за продолжување на договорот со Пепе веке се приближуваат кон целосна разрешница но не каква им одоговара на двете страни.Сосема јасно е дека Реал нема да може долго да се потпира на Рикардо Карваљо кој има 32 години а ситуацијата со Пепе сеуште не добива разрешница.Тој ги одби сите понуди на Реал од кои највисоката е со 3.5 милиони евра по сезона и со времетраење од 4 години , поради што Реал ке мора активно да се вклучи на пазарот за да не остане дупка во одбраната за следната сезона.

Ваквата ситуација е неповолна бидејки нема знак дека Пепе ке потпише нов договор а Перез е заинтересиран за неколку стопери меѓу кои највисоко кај него котира стоперот на Јувентус , Кјелини но тој одбива да замине од Италија а моментално заедно со Манчестер и Арсенал води битка за потписот на младиот Рајан Шоукрос кој исто така не сака да замине од Англија.Со самото тоа како што јавува АС во тимот очајнички се обидуваат оваа ситуација да биде што порано решена и тоа може да му оди во прилог само на Пепе кој во ова ситуација се однесува монополски и само поради тоа може да му бидат исполнети барањата.

Реал за летниот трансфер период ке нема повеке од 25 милиони евра за засилувања и тоа може да ги натера да му понудат или прифатат едно од барањата на Пепе а тоа е 4.5 милиони евра по сезона , понуда која и тренерот Мурињо изјави дека е прифатлива.АС јавува дека Пепе и Реал треба да се договорат до крајот на неделата и со тоа сите шпекулации за нов стопер ке паднат во вода а Реал парите за летниот трансфер период ке ги искористи највероватно за засилување во нападот.

No Response to "Во Мадрид се бара нов стопер"

Leave A Reply