среда, февруари 16, 2011

Арсенал заинтересиран за Гранеро

Posted on 2/16/2011 by Raisinloaf


Реал Мадрид во летниот трансфер период може да инкасира 10 милиони евра од продажба на Естебан Гранеро кој не сака да биде замена за Чаби Алонсо.

Естебан Гранеро сепак сака да остане во Реал но да добива поголема минутажа.Иако е проценет на 7 милиони сепак Арсен Венгер е спремен да издвои и 10 милиони за негов ангажман.Сепак Перез неодамна изјави дека во Гранеро,Каналес и Педро Леон ја гледа иднината на клубот и не планира да ги продава па затоа понудите на Севиља и Сити беа одбиени.Арсенал сака да го доведе на позајмица од една година и на Реал да му плати еден милион за тоа и уште 9 за целосен трансфер на Емирати.Арсенал исто така е подготвен да плати и 25 милиони евра за Бензема и 6 милиони за Каналес.

No Response to "Арсенал заинтересиран за Гранеро"

Leave A Reply