сабота, февруари 12, 2011

Ди Марија : Ке го освоиме Купот

Posted on 2/12/2011 by Raisinloaf


Анхел Ди Марија е убеден дека Реал Мадрид може да ја совлада Барселона во финалето од Купот.Дека Барселона е во страшна форма признава секој играч на Реал Мадрид.Ди Марија сака Барселона да одигра најдобро што може во финалето бидејки тогаш победата на Реал ке биде многу послатка.Аргентинецот го пофали својот репрезентативен соиграч Лионел Меси и изјави дека од него и Роналдо во моментов нема подобар.Тој сака да игра тимски и не го интересираат индивидуалните постигнувања туку тимските.

Ди Марија : Искрено , не ме занима Купот толку многу кога пред себе имаме уште многу важни натпревари.Но кога ке ме прашате дали сум убеден дека ке го освоиме тогаш без размислување ке одговорам со да.Имаме екипа која има уште многу да напредува а ако се знае и дека најдобриот тренер во светот ве тренира тогаш успесите се загарантирани.Ние ке го освоиме купот и сакам Барселона да игра што подобро бидејки така победата ке ни биде послатка.Но да го оставиме финалето на страна , утре не очекува натпреварот против Еспањол.Ке биде тешко бидејки Еспањол е незгодна екипа но со големо почитување кон нив но утре ние ке бидеме тие што ке одат на победа.

No Response to "Ди Марија : Ке го освоиме Купот"

Leave A Reply