сабота, февруари 12, 2011

Клубот одлучи:Адебајор останува

Posted on 2/12/2011 by Dimitar Madridista


По барање на Мурињо Флорентино Перез и Хорхе Валдано одлучија да го откупат договорот на Адебајор за тој да може да остане и по крајот на сезоната.Моу во него препозна одличен напаѓач и заради тоа тој свика состанок со управата на клубот каде што предложи да се одвојат пари за откупување на договорот.Според тој договор Реал има можност да го откупи играчот доколку сака,односно дококу се задоволни од него.Откако ги прифати барањата на Мурињо клубот ќе треба да одвои 15 милиони евра,затоа што таа е цената која мора да се плати за останување на Тогоанскиот напаѓач на подолго време.Во моментот половина од платата му ја плаќа Сити,а другата половина Реал Мадрид.Адебајор од три одиграни натпревари постигна 2 гола,и двата на Бернабеу.

No Response to "Клубот одлучи:Адебајор останува"

Leave A Reply