сабота, февруари 26, 2011

Мурињо : Секогаш е тешко на Риазор

Posted on 2/26/2011 by Raisinloaf



Во пресрет на натпреварот помеѓу Депортиво Ла Коруња и Реал Мадрид , тренерот на белите се обрати на медиумите на прес конференцијата.


"Риазор е тежок терен.Депортиво на свој терен изгуби само од Барселона и Алмерија.Инаку , Реал секогаш има потешкотии да победи на тој терен.Минатата сезона победи по долго време и овој пат очекувам да победиме иако не ма да биде лесно , но верувам во победа.Каналес се повреди на тренингот иако не доаѓа ремногу во контакт со други играчи.Арбелоа е играч од кој секој тренер би бил задоволен и може да смета на него.Секогаш е на располагање и никогаш не бил најдобар играч на теренот но тоа и не е неговата улога.На теренот тој е работник и тоа ми се допаѓа.Сите дефанзивци ми се допаѓаат , сите работат напорно и го дават максимумот за клубот.Екипата е многу мотивирана и сите се уверени дека можат до тројната круна.Само еден од осум екипи кои првата утакмица ја игра на свој терен во 1/8 финалето на ЛШ оствари победа и тоа се ситни детали кои прават голема разлика".

Исто така Мурињо прокоментира за играчите кои наводно Реал ги лови

"Следната сезона ке имаме две екипи во Ла Лига.Реал ке мора да купи уште еден клуб за да може да играт сите играчи што ке ги имаме.Оваа сезона имаме 24 играчи во првиот тим , 25 со Матеос,26 со Мората кога е во првиот тим.Калехон 27,Чави Маркез28,Чави Мартинез 29,Љоренте 30,Парехо 31,Фабрегас 32,Борха Валеро 33,Агуеро 34,Дрогва 35,Милито 36, а до Јуни се надевам дека ке имаме 50 играчи и поради тоа ке мора да купиме уште еден клуб."

No Response to "Мурињо : Секогаш е тешко на Риазор"

Leave A Reply