вторник, февруари 01, 2011

Челзи на лето повторно по Пепе

Posted on 2/01/2011 by Raisinloaf


Лондонски Челзи се подготвува повторно да се обиде да го ангажира Пепе во своите редови доколку играчот не го продолжи договорот со Реал.
Откако вчера потроши голема сума на ангажман на Давид Луиз од Бенфика и Фернандо Торес од Ливерпул , Абрамович се свртува кон Пепе и негов трансфер во Челзи на лето.До крајот на сезона треба да се знае дали Пепе ке го продолжи договорот а ако се знае дека раководството стои на својот став и понуда а играчот не се согласува со таа понуда тогаш за верување е дека Пепе е на излезна врата од Реал.Челзи се повеке не смета на Џон Тери и со ангажманот на Луиз и заинтересираноста за Пепе докажува дека Тери наредната сезона ке биде на клупа.Реал го проценува Пепе на 30 милиони , му дава 3.5 милиони по сезона а однеодамна зголеми на 4 милиони годишно додека играчот бара од 5.5 до 6  милиони по сезона.

No Response to "Челзи на лето повторно по Пепе"

Leave A Reply