вторник, февруари 15, 2011

Роналдо објави крај на кариерата

Posted on 2/15/2011 by Raisinloaf



Роналдо Луиз Назараио Да Лима е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.Вчера објави крај на неговата богата кариера.Тој изјави дека тој сака уште да игра но склоноста кон повредите не му го дозволува тоа.Во својата богата кариера освои 13 клупски трофеи , а со репрезентацијата два пати беше првак на светското првенство.Роналдо во три наврати беше на чекор прерано да ја заврши својата кариера.Едната во Интер далечната 1999 година која го одалечи цела година од терените , втората во 2002 во дресот на Реал Мадрид и последната во 2008 во дресот на Милан но и покрај тешките повреди тој успеваше да се врати и повторно да потсети на неговите најдобри денови.

Роналдо во Реал Мадрид пристигна 2002 година од Интер за 39 милиони евра.Како Мадриста , Роналдо освои две титули во Ла Лига,Интерконтинентален Куп и Шпанскиот Супер Куп.

Учинокот на Роналдо во Реал:

2002 - 2007

Ла Лига - 127 натпревари , 83 погодоци
Лига на Шампиони - 36 натпревари , 15 погодоци
Кралскиот Куп - 11 натпревари , 4 погодоци
Интерконтинентален Куп - 1 натпревар , 1 погодок
Супер Куп - 2 натпревари , 1 погодок

Вкупно : 177 натпревари , 104 погодоци

No Response to "Роналдо објави крај на кариерата"

Leave A Reply