вторник, февруари 01, 2011

Распродажба на таленти во Мадрид!!!

Posted on 2/01/2011 by Raisinloaf



Дека раководството на Реал ги игнорира младинските категории докажува последната вест која пристигнува од Мадрид.Во Јануарскиот преоден рок , Реал го напуштија дури 4 играчи од младинскиот погон , играчи кои беа фантастични и голема надеж на Кралскиот Клуб.Перез уште еднаш докажува дека профитот и трошењето на големи ѕвезди кои можеби уште еднаш покажаа и докажаа дека не носат трофеи , му се приоритет.Па така Малага си го доведе младиот стопер и можеби најголема надеж на Реал , Иван Гонзалез.Шведскиот прволигаш Хелмштад си зеде дури три играчи од младинскиот погон и тоа : Раул Руиз - 20 годишен крилен напаѓач кој има особини на сјајен дриблер и брз напаѓач , Хозе Замора кој игра како десно крило , и уште еден голем талент од академијата на Реал , Чави Хернандез - 21 годишен плејмејкер кој може да игра и во нападот и како класичен плејмејкер.Сите овие играчи заминаа во клубови каде 100% нема многу да играт до крајот на сезоната а со сигурност ке бидат продадени.Овие лошо потези на раководството веке ја преминаа секоја граница , Реал уште талка низ првенството и останатите натпреварувања каде Барселона која токму со играчите од својата академија е неприкосновен шампион како во минатите сезони така и највероватно и во оваа сезона , сезона во која Реал веке е со -7 зад Барселона.Реал од друга страна уште еднаш си зеде играч и тоа напаѓач кој во поранешните клубови внесуваше само немир и кавги а на играчки план скоро и да не покажа ништо и со сигурност можеме да кажеме дека уште една ера на Перез е пред пропаст.И не би требало да не изненади дека Реал покрај веке загубените таленти како Парехо,Родриго,Мата,Опаре,Сзалаи,Раул Руиз,Чави Хернандез,Иван Гонзалез,Хозе Замора,Давид Матеос............. во иднина би им се придружиле Мората,Сарабиа,Ензо Зидан а би гледале трансфери од 100 милиони евра на играчи од калибарот на Руни,Рибери,Роналдо....... играчи кои за разлика од младината на Реал , би играле само за пари и слава но не и со срце за тимот.Кој е следниот чекор на Перез?Пеп Гвардиола?Леонардо...........

No Response to "Распродажба на таленти во Мадрид!!!"

Leave A Reply