сабота, февруари 12, 2011

Озил: Среќен сум што го имаме Адебајор

Posted on 2/12/2011 by Dani






























Месут Озил, во едно итервју изјави дека Кристијано Роналдо и Сами Кедира многу му помогнале околу прилагодувањето во Реал, а исто така изрази и задоволство што во Реал пристигна и Емануел Адебајор.

"Јас и Роналдо имаме добар однос. Многу ми помогна кога пристигнав во Реал. Тој е фантастичен фудбалер, и е многу важен за нашиот тим. Постигна многу голови, и дава се од себе за да победиме. Апсолутно сум воодушевен што можам да играм со него."

"Исто така и Кедира многу ми помогна, бидејќи тој веќе беше во Мадрид, кога пристигнав јас. Со него се знаеме од Германската репрезентација и тој ми даваше огромна подршка. Со него поминувам многу време, и среќен сум што е и тој тука."

"Можам да кажам дека уживам кога постигнувам голови и асистирам. Ми претставуваат еднаква сатисфакција, а навистина сум среќен кога ке помогнам на моите соиграчи да го пронајдат патот до противничкиот гол."

"Адебајор пристигна од Англија каде што постигна многу голови. Тој е врвен напаѓач, и од самиот почеток знаевме дека добро го знае овој тим. Добар играч е, и среќен сум што го имаме во овој тим."

No Response to "Озил: Среќен сум што го имаме Адебајор"

Leave A Reply