петок, февруари 25, 2011

Рамос : Немам никаков проблем со Мурињо

Posted on 2/25/2011 by Raisinloaf


Најдобриот играч во одбраната на Реал Мадрид , Серхио Рамос во разговор за РеалМадридТВ изјави дека нема вистина во тврдењата на шпанските медиуми дека влегол во кавга со тренерот Мурињо.Исто така Рамос го коментираше реваншот со Лион кој се игра на 16 март на Сантијаго Бернабеу.

"Со фудбал започнав во Камас.Две дрва ни користеа за еден гол , а камења за другиот.Тогаш вистински се ужива во детството и пријатеството.Тогаш започнувате да сонувате за иднината и стекнувате амбиции да станете некој и нешто.Мурињо има сјаен однос со сите во екипата на која и даде стабилност која во минатите сезони недостигаше.На личен план можете многу да научите од тренер како Мурињо со оглед дека тој има големо искуство и директен однос со своите играчи и сум среќен што работам со него.Мораме да го победиме Лион.Штета што не победивме во првата утакмица бидејки го заслуживме тоа.На десет минути до крајот имавме одличен резултат но сепак мораме да бидеме задоволни и со ремито а на реваншот да дадеме се од себе и да се пласираме во четвртфиналето.

No Response to "Рамос : Немам никаков проблем со Мурињо"

Leave A Reply