сабота, февруари 12, 2011

Каналес и Мората на позајмица во Гетафе

Posted on 2/12/2011 by Raisinloaf


Серхио Каналес и Алваро Мората највероватно својата кариера наредното лето ке ја продолжат во Гетафе каде Реал ке ги пушти да стекнат искуство.
Доаѓањето на Каналес во Реал беше ризичен потег бидејки сеуште е премлад а и Мурињо има одлични играчи на таа позиција.Реал е наводно спремен да го прати на една година во Гетафе.Со оглед дека Даниел Парехо наредното лето се враќа во Мадрид каде Мурињо во него гледа екстра замена за Алонсо кој полека влегува во залезот на својата кариера па Парехо би требало да го замени на таа позиција.Со доаѓањето на Парехо ке се направи и простор и Мората да стекне поголемо искуство.Наводно и Мората би требало да замине во Гетафе но се чека одговор на Мурињо бидејки тој сепак преферирал Мората да остане и во текот на летото да работи со него и промовира во првиот тим каде доколку Бензема замине ке се отвори место за него во првиот тим.Реал веке одби неколку понуди за Мората а меѓу заинтересираните се издвојува Јунајтед и Барселона.

No Response to "Каналес и Мората на позајмица во Гетафе"

Leave A Reply