недела, февруари 13, 2011

Еспањол полуде за Сарабија

Posted on 2/13/2011 by Raisinloaf


Пабло Сарабија е играч кој скоро сите навивачи и симпатизери на Реал Мадрид сакаат да го видат во првиот тим бидејки веруваат дека е иднината на Реал , но не размислува така Перез.

Неодамна се почна да се говори дека Мората преминува во Гетафе.Тој млад напаѓач во дресот на Реал дебитираше оваа сезона  , но нема да добие многу шанси за да се докаже кај Мурињо се до летото.Реал има намера да го продаде или испрати на позајмица но не е само тој единствениот талент кој би можел да замине.Во ЛШ одигра одлично против Милан но Мануел Почетино е спремен од Реал Мадрид да бара да го доведе на позајмица , а ако не успее во тоа ке понуди 1 милион за него.

Заминувањето на Сарабиа може да е прашање на време.Реал Мадрид веке долго време не ги негува своите младинци кои играат сјајно.Како пример , играчи кои се вредни и големи таленти а не добиле многу шанса од Реал се издвојуваат : Хуан Мата кој е лидер во Валенсија , Роберто Солдадо ударен напаѓач на Валенсија ,Алваро Негредо кој игра во Севиља  и уште една дузина играчи кои Реал ги испуштил а можеле да успеат во дресот на Реал.Пред извесно време многу младинци заминаа во други екипи но со можност Реал без никаков проблем да ги откупи нивните договори.За најголем талент во академијата на Реал важи Алекс Фернандез , кој неодамна доби понуда од Арсенал кој нудеше 3 милиони евра за него но Реал ги одби.

No Response to "Еспањол полуде за Сарабија"

Leave A Reply