сабота, февруари 19, 2011

Лион без Лисандро Лопез

Posted on 2/19/2011 by Dimitar Madridista

Во вторник на Жерланд ќе се сретнат Лион и Реал Мадрид во рамките на осминафиналето од Лигата на Шампионите.Тоа ќе биде реприза од минатата година каде Реал по 6-ти пат не го помина осминафиналето.Тогаш Лион направи големо изненадување елиминирајќи го Реал,но овој пат нема да може да смета на напаѓачот Лисандро Лопез кој на тренингот во четвртокот ја повреди тетивата на коленото поради што го пропушти натпреварот со Нанси.Оваа сезона од 16 одиграни натпревари Лопез постигна 8 голa,а во Лигата на Шампионите од 4 натпревари постигна 2 гола.Лоша вест за Лион е и тоа што се разболе првиот голамн Хуго Лорис кој исто така не играше на натпреварот со Нанси, но неговите шанси да игра против Реал Мадрид се многу поголеми.

No Response to "Лион без Лисандро Лопез"

Leave A Reply