петок, февруари 18, 2011

Касиљас: Мораме да чекаме кикс на Барселона

Posted on 2/18/2011 by Dani


Икер Касиљас во интервју за Реал Мадрид ТВ покрај другото изјави дека Реал мора да освои што повеќе поени во Ла Лига и да чека кикс на Барселона. Кралскиот тим моментално заостанува 5 поени зад Барселона.

"Во финале сме во Кралскиот Куп. Тоа е прекрасно натпреварување. Играме против Барселона и верувам дека тоа ќе биде фантастичен натпревар."

"Во Лига на шампиони игравме одлично. Игравме против големи тимови, како што се Милан и Ајакс и остваривме добри резултати. Сега не очекува тежок противник, а тоа е кој друг ако не Лион."

"Во лига мораме да чекаме да видиме како ќе се развиваат работите. Мораме да освоиме што повеќе бодови, и да чекаме кикс од Барселона."

No Response to "Касиљас: Мораме да чекаме кикс на Барселона"

Leave A Reply