петок, февруари 11, 2011

Мурињо:Не чувствувам притисок во Лигата на Шампионите

Posted on 2/11/2011 by Dimitar Madridista

Тренерот на Реал Мадрид изјави дека играчите немаат притисок пред дуелот со Лион."Го сакам осминафиналето затоа што тука играчите го покажуваат својот менталитет и квалитет.Еден гол можи да реши се и затоа треба да се игра внимателно.Овој вид на притисок што го имаме не е негативен туку напротив тој е позитивен затоа што сакаме да играме и да покажеме што знаеме".Во својата прва сезона со Реал Мадрид Мурињо стигна до финалето на Купот,и затоа што имаше можност да игра финалиња со своите тимови каде што беше тренер тој истакна дека најважна е менталната храброст."Како што кажав морате да бидете ментално јак,морате да го анализирате противникот затоа што некои ситни детали можат да решат се.Јас се навикнав да играм финалиња и знам дека морате да дадете се од себе за да победите и дека резултатите ќе се видат на крајот".

No Response to "Мурињо:Не чувствувам притисок во Лигата на Шампионите"

Leave A Reply