петок, февруари 11, 2011

Челзи подготвува понуда вредна 30 милиони евра за Кака

Posted on 2/11/2011 by Dani
























Веќе година и пол тренерот на Челзи, Карло Анчелоти, се восхитува на играта на бразилецот Кака.

Љубовта останала уште од заедничката работа во Милан, но мораа да се разделат. Анчелоти отиде во Челзи, додека Кака се пресели во Реал Мадрид каде што никогаш не играл на нивото како што играл во Милан.
Вистина е дека повредите доста го попречуваа, па и оваа сезона. Сезонава Кака има само одиграно 6 натпревари во Примера, во кои има постигнато 2 гола.

Челзи уште од поодамна се заинтересирани за Кака, но Реал одбиваа да коментираат за тоа, како што и тренерот Жозе Мурињо одбиваше да зборува за негово продавање.

Англиските весници објавија дека Челзи повторно се заинтересирани за Кака, и се подготвени да испратат нова понуда вредна 30 милиони евра.
Веројатно нема да помине долго време додека да се слушне реакцијата од кралскиот тим.

No Response to "Челзи подготвува понуда вредна 30 милиони евра за Кака"

Leave A Reply