четврток, февруари 03, 2011

Бензема ја одбил понудата на Арсенал?

Posted on 2/03/2011 by Raisinloaf


Италијанскиот Тутоспорт открива дека Карим Бензема минатиот месец имал понуда за трансфер но ја одбил.Според нив, Јувентус и Арсенал биле заинтересирани за Бензема но тој веднаш ги одбил Јувентус бидејки не размислувал кариерата да ја продолжи во Италија а понудата била 20 милиони евра , што било одбиено и од Реал.Неколку дена подоцна и Арсенал се вклучил во трката за Карим но и нивната понуда од 26 милиони евра била одбиена , бидејки иако Реал би се согласил на оваа сума сепак играчот сакал да се докаже во Реал а и кризата во нападот не дозволувала Реал да се откаже од Бензема.Карим сезонава игра одлично во Лигата на Шампионите и Купот на Шпанија но слабите игри во Шпанското Првенство сеуште игра топло ладно.Адебајор вчера доби мала минутажа што на најдобар можен начин ја искористи и доколку вака игра и на следните натпревари лесно може да се случи Французинот да го загуби стартното место во тимот.

No Response to "Бензема ја одбил понудата на Арсенал?"

Leave A Reply