четврток, февруари 03, 2011

Бернабеу дочека 5.000 погодок на Реал

Posted on 2/03/2011 by Raisinloaf


Емануел Адебајор имаше деби од соништата на Сантијаго Бернабеу.Тогоанецот постигна погодок со кој влезе во историјата.
Имено , Реал во полуфиналниот дуел со Севиља односно пред натпреварот од денот кога заиграл на Бернабеу до вчера имаше 4998 погодоци и по погодокот на Месут Озил со кој веке беа разрешени дилемите кој патува во финалето , Емануел Адебајор кој влезе во игра во последните минути од натпреварот го постигна погодокот кој беше јубилејен 5.000 - ти на Реал на Сантијаго Бернабеу.Првиот погодок на домашен терен е дело на Гиралт против Еспањол на 6 април 1903 година.

1 погодок - Гиралт
1000 погодок - Белмар
2000 погодок - Франциско Пако Генто
3000 погодок - Хуанито
4000 погодок - Амависка
5000 погодок - Адебајор

Адебајор по натпреварот изјави : Ова беше посебен натпревар , бидејки го засакав овој клуб.Дебитирав за Реал на Бернабеу и успеав да постигна погодок.Овде сум само за да игра , не е битно дали тоа ке бидат 15 минути или цел натпревар.Имам шанса да играм со играчи како Роналдо,Озил и Кедира и сметам дека Бензема е одличен играч и иако синоќа не постигна погодок сепак одигра одлично иако имаше неколку одлични шанси среќата не го послужи но сезоната е долга и има време за секој играч да се поправи.Во финалето играме со една од најдобрите екипи во моментов и сигурен сум дека добро ке им се спротиставиме.

No Response to "Бернабеу дочека 5.000 погодок на Реал"

Leave A Reply