четврток, февруари 24, 2011

Реал нуди 75 милиони евра за Пике!

Posted on 2/24/2011 by Raisinloaf



Дека Реал може да биде поврзан со секој фудбалер , покажува податокот според кој Флорентино Перез спремил неверојатни 75 милиони евра за стоперот на Барселона , Џерард Пике.

Иако статистички , Карваљо е далеку подобар играч сезонава од Пике дури подобар од двајцата стопери на Барселона Пике-Пујол , Перез се одлучил на засилување токму на таа позиција.Ако се верува на шпанската Кадена СЕР, Перез одлучил да го доведе 38 милиони проценет Пике за кого ке понуди огромна сума на пари.Иако ова навидум е невозможна мисија за Реал поради ривалството со Барселона , наводно долговите на Барселона би ги принудиле Каталонците на продажба на стоперот.Но долг , дури и поголем има и Реал , но заработката на белите е дупло поголема од таа на каталонците и само од Роналдо за една полусезона се заработени 119 милиони евра од дресови а севкупно за една полусезона заработката се искачила на преку 500 милиони евра не сметајки ги трошоците.

Претседателот на Реал основал посебен преговарачки тим кој ке работи на засилувањата за следната сезона па така тој планира да купи еден стопер, еден лев бек и еден играч од средината.Пике наводно е првиот пик за позицијата стопер и за него ке понуди 75 милиони евра и на играчот ке му плаќа 7.5 милиони по сезона.Каталонците сериозно можат да размислат за оваа понуда поради долговите на клубот кои со овој трансфер ке се намалат за 20% и ке им овозможи поголеми средства на раасполагање на трансфер периодот.Од друга страна Реал повторно ке троши наместо да им дава шанса на младинците.

No Response to "Реал нуди 75 милиони евра за Пике!"

Leave A Reply