понеделник, јануари 10, 2011

Kaка : Ова беше неверојатна ноќ за мене

Posted on 1/10/2011 by Raisinloaf




Рикардо Кака е пресреќен со враќањето на Сантијаго Бернабеу и погодокот кој што го постигна на мечот против Виљареал со клизечки старт за 4:2.

Рикардо Кака:Да се вратиш на бернабеу после толку време , а притоа да постигнеш и погодок , за мене беше нешто неверојатно.
Помина долго време откако овде го славев последниот погодок , па ова беше многу важен погодок за мене.Ги осетив големите емоции на публиката , тоа е тешко да се опише.Сакап притоа да им се заблагодарам на навивачите на топлото добредојде по тешкиот период кој го поминав.Сепак ова беше заслужено , напорната работа се исплатеше.

Виљареал ни направи доста проблеми во првиот дел , дојдоа да играт против нас и заслужено се едни од најдобрите во Шпанија.Сепак ние моравме да победиме бидејки ова беше многу важен натпревар за нас.Мурињо синоќа докажа зошто е најдобриот тренер на светот , не мотивираше на паузата и со добрите измени дојде до полн плен.

Роналдо е неверојатен играч.На негов грб се многу натпревари сезонава и сигурен сум дека така ке продолжи , тој го заслужи сето ова.Секој ден со своите погодоци не остава без зборови , потполно е сконцентриран на фудбалот.

Видео од погодокот на Кака:

No Response to "Kaка : Ова беше неверојатна ноќ за мене"

Leave A Reply