недела, јануари 09, 2011

Извештај:Реал Мадрид 4:2 Виљареал

Posted on 1/09/2011 by Raisinloaf

Реал Мадрид со многу маки повторно се врати на -2 до Барселона.Многу неочекувано започна натпреварот со раното водство на Виљареал во 7` минута.Џузепе Роси одлично асистираше до Кани кој го совлада Касиљас и му донесе водство на Виљареал.
Сепак кратко траеше радоста на Виљареал кога во 10` минута Карим Бензема го проигрува Месут Озил а овој до Роналдо кој лесно ја смести топката во голот на Лопез за 1-1.Сепак притисокот на Виљареал продолжи и им донесе плод во 18` минута кога Сориано му асистира на Рубен кој повторно го носи Виљареал во водство.И кога се мислеше дека ке се оди со тој резултат на полувреме во 45`минута Роналдо со глава изедначува на 2-2.

Во второто полувреме се виде дека Реал е цврсто решен да дојде до трите бода.Во 79`минута Роналдо го постигнува третиот погодок и со тоа носејку му водство на Реал од 3-2.Но овде не застана Реал , само три минути подоцна Роналдо асистира на Кака кој во третиот настап за Реал сезонава го постигнува првиот погодок.Реал со ова доаѓа до својата 15 победа од 18 натпревари сезонава во Ла Лига.





No Response to "Извештај:Реал Мадрид 4:2 Виљареал"

Leave A Reply