понеделник, јануари 10, 2011

На Реал му недостасува напаѓач

Posted on 1/10/2011 by Raisinloaf


Жозе Мурињо не отстапува.По вчерашниот дуел со Виљареал тој се надева дека челниците на Реал се увериле дека Бензема не е способен да игра во Реал.Вчера , како што пишува Марка , беше последниот ден во кој Бензема имаше шанса да се докаже на Мурињо.По бледото издание вчера , Мурињо ке продолжи со притисокот да му биде доведен нов напаѓач.Но Мурињо сега нема да бара било кој , ниту пак мора да биде доведен во Јануари.Тој ке се консултира со раководството и ке им предложи три имиња од кои еден ке биде примарна цел на лето кога Реал треба и службено да испрати понуда.

Првиот на списокот на Мурињо е Фернандо Љоренте , напаѓачот на Атлетик Билбао е според Мурињо најдобрата опција која Реал може да ја доведе во своите редови.Млад е , висок , четврти најдобар стрелец во Примера.По Љоренте , втора цел би бил Хавиер Ернандез Чикарито , напаѓач на Манчестер Јунајтед кој би бил најефтина солуција од сите три.Доколку не успеат и него да ангажират , трета опција би бил Карлос Тевез , напаѓачот на Манчестер Сити кој деновиве доби силна конкуренција во нападот , откако неговиот клуб го ангажира Един Џеко.Љоренте е проценет на 30 милиони евра,Тевез 25 милиони евра додека Ернандез има неодредена цена.

No Response to "На Реал му недостасува напаѓач"

Leave A Reply