петок, јануари 28, 2011

Адебајор сака да игра во Памплона

Posted on 1/28/2011 by Raisinloaf


Емануел Адебајор денеска заедно со новите соиграчи го одработи својот прв тренинг на Валдебебас откако вчера тренираше со момчињата од Кастиља.
Новиот напаѓач на Реал Мадрид во клубот стигна од Манчестер Сити , и сака веке во недела во Памплона да дебитира во дресот на Кралскиот Клуб.Адебајор против Осасуна нема да биде стартер но сигурно ке добие шанса а пред себе има 27 натпревари во кои сака да го даде својот максимум и да постигне што повеке погодоци со што ке ги убеди челниците на Реал да го откупат неговиот договор.Тој денеска на Мурињо му објасни дека сака да игра при првата прилика , на што Мурињо му одговори позитивно.Многумина сметаат дека не треба постепено да му се дава шанса , туку веднаш за да има доволно време да се прилагоди.Со заминувањето на М.Диара се шпекулира дека Адебајор ке го добие бројот 10 но засега тоа не е потврдено.Шанси за смена на бројот имаат и Каналес и Кедира.

No Response to "Адебајор сака да игра во Памплона"

Leave A Reply