петок, јануари 28, 2011

Озил на мета на Манчестер Јунајтед

Posted on 1/28/2011 by Raisinloaf


Месут Озил ке биде прва цел во летниот трансфер период за Сер Алекс Фергусон кој во него гледа игра кој има голема иднина како за него така и за Црвените Ѓаволи.
Иако неговиот трансфер во Реал беше сензационален , по што се покажа како сјајен плејмејкер и вистински креатор на играта на Реал , Озил не издржа ни една година а да медиумите не почнат да го селат од Мадрид.Гардиан открива дека Фергусон одлучил од клубот да бара пари за да го ангажира Озил со кој може на Јунајтед да му донесе слава и титули и иднина по пензионирањето на Сколс и Гигс.

Јунајтед наводно ке има 100 милиони евра на располагање на лето , но нема премногу да менуваат во тимот туку ке доведуваат еден плејмејкер , еден бек и стопер , како и нов голман.Манчестер за Озил е спремен да издвои 25 милиони евра кој во Реал дојде за малку пари.Стана еден од најважните во екипата а Фергусон неодамна изјави дека Озил е фантастичен играч кој би го користил во својот состав и дека направил грешка кога отпатувал во Мадрид и Шпанската Лига која е тешка и играчите потешко се адаптират а клубовите неможат да ги чекаат нивните адаптации , потенцирајки го трансферот на Ибрахимович во Барселона и неколкуте Реалови засилувања во минатото.

No Response to "Озил на мета на Манчестер Јунајтед"

Leave A Reply