среда, јануари 26, 2011

Касиљас : Сите сакаме титула во Кралскиот Куп

Posted on 1/26/2011 by Raisinloaf


Капитенот на Реал Мадрид нема трпение кога е во прашање натпреварот против Севиља во Купот на Шпанија.Тој е играчот кој најмногу сака пласман во финалето и меч со Барселона.

Икер : Многу е важно да постигнеме погодок во Севиља.И да примиме погодок важно ке биде и ние да постигнеме , иако ние дефинитивно одиме на победа.Севиља е добра екипа ,и ако сакаме финале мораме да се потрудиме за добар резултат.

Сите сакаме да го освоиме Купот , тоа е сјајно но и важно натпреварување.Секој трофеј е важен и посебно е чуството кога ке го подигнете , неважно дали тоа е Светско Првенство или Кралскиот Куп.

Реал не може да биде 17 години без овој трофеј.Тоа е предолго.Игравме во два финалиња во последните десет години и се надевам дека и оваа година ке играме.Натпреварот со Севиља веројатно е најважниот за нас досега и не смееме да си дозволиме неповолен резултат.

No Response to "Касиљас : Сите сакаме титула во Кралскиот Куп"

Leave A Reply