четврток, јануари 06, 2011

Лас ја прифатил понудата на Манчестер?

Posted on 1/06/2011 by Raisinloaf


Ласана Диара на вчерашниот состанок со управата на Реал им порачал дека сака да го напушти клубот без разлика на ветувањата на Мурињо.15 минути колку што агентот на Лас ги помина на Бернабеу со Валдано помина со разговор за продажбаа на 25 годишниот Лас кој е стандарден првотимец во екипата.Иако Мурињо му порачуваше дека е важен дел од тимот и дека не сака да го продаде сепак Лас се има одлучено за ново поглавје во неговата кариера.Јунајтед на Лас му нуди поголема минутажа , а Реал со заминување на Диара би бил многу оштетен.Сепак понудата на Јунајтед изнесува само 14 милиони евра а Реал не сака да чуе за понуда под 18 милиони евра.Доколку Диара замине од Реал и потпише за Јунајтед тоа ке биде негов трет клуб од големата четворка во Англија.Претходно настапуваше за Челзи и Арсенал.Освен Јунајтед за Диара е заинтересиран и Тотенхем но се верува дека не е моќен за да се натпреварува за Диара.

No Response to "Лас ја прифатил понудата на Манчестер?"

Leave A Reply