петок, јануари 28, 2011

Официјано : Момо Диара замина во Монако

Posted on 1/28/2011 by Raisinloaf


Реал Мадрид на својот службен сајт објави дека Момо Диара се согласил на трансфер во Францускиот клуб Монако.По неколку дена шпекулации кој ке направи место за Емануел Адебајор , од Реал објавија дека тоа е третиот капитен , Момо Диара.Репрезентативецот на Мали , кој наскоро ке наполни 30 години , ке се пресели во Монако кој со него преговараше 6 часа и на крајот ги задоволија неговите барања.

Во 2006 по долги преговори Диара од Лион пристигна во Реал на барање на тогашниот тренер Фабио Капело за 26 милиони евра.Во првите две сезони беше незаменлив во тимот на Реал.Во Реал настапи на 90 натпревари и постигна три погодока.Последен пат дресот на Реал го носеше на натпреварот против Алмерија кој заврши со 8:0.Поради повредите кои го следеа минатата и оваа сезона долго отсуствуваше од терените.Монако за Диара на Реал ке му исплати од 1 до 1.5 милиони евра.

No Response to "Официјано : Момо Диара замина во Монако"

Leave A Reply