петок, јануари 28, 2011

Севиља пред исфрлање од Купот поради инцидентот со Икер?

Posted on 1/28/2011 by Raisinloaf


Севиља би можела да го заврши настапот во годинешното издание на Кралскиот Куп и пред да го одигра возвратниот дуел на Сантијаго Бернабеу.Како главна причина е фрлањето предмети кон Икер при што беше погоден од пластично шише.Транспарентите на кои навивачите на Севиља истакнаа смрт на Жозе Мурињо се уште еден доказ против Севиља.Секако се чека на извештајот на судијата Ундиано Маленко кој доколку овие случувања ги вметне во извештајот , поточно транспарентите и фрлањето предмети кон Икер , вториот натпревар кој се игра во Среда на 2.фебруар нема да се одигра доколку Дисциплинската комисија остане доследна на правилата.Со тоа Реал би влегол во финале.Снимките треба да покажат и дали редарите пред натпреварот го виделе транспарентот и тоа може да и донесе и додатни проблеми на Севиља пред Дисциплинската Комисија која годинава е немилосрдна со играчите и навивачите на сите клубови.

No Response to "Севиља пред исфрлање од Купот поради инцидентот со Икер?"

Leave A Reply