сабота, јануари 29, 2011

Давид Матеос и Педро Леон го напуштаат Реал Мадрид?

Posted on 1/29/2011 by Raisinloaf


Давид Матеос е  прва цел на грчиот АЕК од Атина кој официјално испратил понуда до Реал.
25-играчи е моменталната бројка на првиот тим , бројка која Мурињо ја бараше за својот играчки кадар.Тоа е максималната бројка што еден клуб може да ја има , а доколку шпекулациите се покажат точни таа може да биде намалена на 23 играчи бидејки АЕК е заинтересиран за Давид Матеос а Челзи за Педро Леон.

Матеос до лани играчи за Кастиља а оваа сезона потпиша професионален договор со клубот.Игра на позицијата стопер каде има голема конкуренција во Пепе,Карваљо,Гарај и Албиол па затоа и не добива шанса кај Мурињо освен во Куп средбите.Врвот на Реал одбива да го продаде.Спремни се да го дадат на позајмица до крајот на сезонава што му одговара на АЕК само доколку во договорот има опција по крајот на сезоната да преговара за целосен трансфер на играчот.Освен АЕК , за Матеос се заинтересирани и Селтик и Ренџерс.Играчот досега се нема изјаснето но пред два месеци изјави дека ке се бори за место во првиот тим.






Што се однесува до Леон , Лондонски Челзи пратил официјални лица на клубот да преговараат за трансфер н Педро Леон во Челзи.КАДЕНА СЕР - објави дека Реал е подготвен да го продаде Леон но се чека одговор од Мурињо дали смета на неговите услуги.Исто како и со Матеос , Леон би заминал на позајмица по што на крајот од сезоната ке се преговара за негов трансфер во Челзи.Оваа сезона настапи на само 13 натпревари а Мурињо во него гледа квалитетна замена на крилните позиции , а воедно Леон е играч кој стигна во Реал по барање на Перез не на Мурињо како што беше со останатите играчи.Челзи нуди еден милион за него , плус уште 9 милиони на крајот на сезоната со што Реал ке си ја врати сумата што ја даде за него , односно 10 милиони евра.Освен Челзи , за Леон се интересира и Милан но тие немаат 10 милиони евра за да ги искористи за ангажман на Леон.

No Response to "Давид Матеос и Педро Леон го напуштаат Реал Мадрид?"

Leave A Reply